По претходни сознанија и пријави на граѓани на телефонската линија 198, на 03.05.2007/среда, 7 мобилни тима на УЈП (15 инспектори) извршија инспекциска контрола на угостителските објекти во Куманово.
Во инспекцискиот надзор спроведен во доцните ноќни часови (од 22.00 – 24.00) контролирани се вкупно 15 објекти, од кои кај 7 констатирани се неправилности во работењето.
Поради неиздавање на фискални сметки и нерегистрирање на готовинскиот промет, УЈП на субјектите им изрече мерка забрана за работа во период од 30 дена и глоба во износ од 1500 евра.
УЈП апелира до даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги, а кај кои плаќањето се врши во готово да ги почитуваат одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања.