|
|
Во организација на стопанските комори и Градот Скопје, во текот на вчерашниот ден /27.10.2010/, беше одржана третата работна средба (работилница) меѓу претставници од Управата за јавни приходи и од бизнис секторот. |
|
|
Даночните експерти од УЈП на стопанствениците им ги презентираа последните измени на даночната регулатива и актуелностите во делот на даночната политика.
За време на работилницата, припадниците на стопанските комори имаа можност отворено да говорат за проблемите со кои се соочуваат во текот на своето работење, а меѓу другото беа дадени предлози и идеи од заеднички интерес кои имаат за цел:
- Продлабочување на меѓусебната соработка меѓу УЈП и бизнис заедницата
- Континуирано разгледување на проблемите со кои се соочуваат стопанствениците во текот на своето работење
- Заедничко решавање на проблемите околу нелојалната конкуренција и елиминирањето на сивата економија
- Поефикасна наплата на даноците
Заклучокот е дека ваквиот тренд на непосредна соработка е потребен и ќе продолжи во иднина, во насока на унапредување на партнерскиот однос меѓу институциите и бизнис заедницата.