Memorandum_mk
14.06.2007
Уверенија за платен данок

За даночни информации кои се однесуваат на платен данок, Управата за јавни приходи ги издава следните уверенија, потврди и други документи:

  • Уверение за платени даноци (персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка) на правни и физички лица;
  • Потврда за приходи за потребите на социјално загрозени лица;
  • Уверенија за остварени, пријавени приходи на физичките лица - граѓани, по основ на персонален данок на доход;
  • Потврда за состојба на платените даноци за обврзници кај кои се отвора стечајна постапка;
  • Потврда за платен задржан данок на приход платен на странски правни лица;
  • Потврда за резидентност;
  • и други

Уверенијата, потврдите и другите документи за платени даноци, Управата ги издава врз основа на поднесено писмено Барање до Регионалната Дирекција или Даночно Одделение на која припаѓа даночниот обврзник.

Барањата за издавање на уверенија и потврди за платени даноци, како и самите Уверенија и Потврди потребно е да се таксираат со 50,00 денари административна такса, освен Уверенијата и Потврдите за кои не е предвидено да се плаќа такса (член 18, Закон за административни такси).
 

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија