Во „Службен весник на РСМ“ бр.26/2026 од 10.02.2026 година, објавен е Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за враќање на платениот данок на солидарност, образец УЈП-УН-3.2-39/ДС – Барање за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок.
Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници кои имаат извршено плаќање на данокот на солидарност согласно одредбите од Законот за данок на солидарност, доколку бараат враќање на платениот данок на солидарност и платените споредните даночни давачки (како камата за ненавремена уплата на данокот на солидарност и еднократна такса во постапка на присилна наплата), потребно е да поднесат барање на образец УЈП-УН-3.2-39/ДС до даночната канцеларија на УЈП кон која припаѓаат како даночни обврзници.
Барањето се поднесува во хартиена форма, а истото може да го преземете на следниот (тука)
Повратот на данокот на солидарност и на споредните даночни давачки ќе се изврши само на обврзниците кои ќе поднесат барање на наведениот образец и ќе се реализира на две еднакви рати и тоа:
- Прва рата – март 2026, и
- Втора рата – март 2027.
Износот на платениот данок на солидарност како и износот на споредните даночни давачки, поделени на две еднакви рати, треба да бидат наведени во барањето за враќање во делот „Податоци за платен данок на солидарност и споредни даночни давачки“. Покрај податокот за износите кои се бараат за враќање, поделени на две рати, во наведениот дел од барањето треба да се внесат и податоци за датум на уплата и валута на повратот.
На пример: За платен данок на солидарност во износ од 10.000.000,00 денари и платена камата за ненавремена уплата на данок на солидарност во износ од 50.000,00 денари, платени на 30 октомври 2023 година, барањето за враќање во делот „Податоци за платен данок на солидарност и споредни даночни давачки“ се пополнува на следниот начин:
| X |
Прва рата |
|
Данок на солидарност |
5.000.000,00 |
30.10.2023 |
| Март 2026 |
Камата за ненавремена уплата на данок на солидарност |
25.000,00 |
30.10.2023 |
| |
Еднократна такса од 5% од износот на данокот на солидарност |
|
|
| |
Еднократна такса од 5% од износот на каматата |
|
|
| X |
Втора рата |
|
Данок на солидарност |
5.000.000,00 |
30.10.2023 |
| Март 2027 |
Камата за ненавремена уплата на данок на солидарност |
25.000,00 |
30.10.2023 |
| |
Еднократна такса од 5% од износот на данокот на солидарност |
|
|
| |
Еднократна такса од 5% од износот на каматата |
|
|
Покрај наведените податоци, во барањето треба да бидат пополнети и останатите податоци, како податоци за даночниот обврзник, податоци за банкарска сметка на која треба да се изврши повратот, доказ за платена административна такса и податоци за потписникот и составувачот на барањето.
Кон барањето не е задолжително да се доставува доказ за платениот данок и споредните даночни давачки, имајќи во предвид дека УЈП ги има податоците за извршените плаќање.
Повратот на данокот на солидарност ќе се врши согласно одредбите од чл. 28 од Законот за даночна постапка (ЗДП), за што Управата за јавни приходи ќе донесе соодветен даночно Управен акт во форма на решение. При одлучување по барањето за враќање, соодветно ќе се имаат во предвид и одредбите од чл. 25 од ЗДП, односно за обврзниците за кои ќе се утврди дека ќе имаат даночен долг по друг основ (на пример данок на додадена вреднос, данок на добивка) ќе се направи пребивање на долгот со платениот данок на солидарност.
За дополнителни информации или поддршка во врска со подготовката или поднесување на образецот, обратете се до Контакт центарот на УЈП на:
е-пошта: info@ujp.gov.mk
телефон: 0800 33 000; 02/ 3253 200