Поради редефинирање на постапката за плаќање на административна такса преку системот eNAPSYS и негова надградба, Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници дека плаќањето на административната такса за сите барања кои се поднесуваат во УЈП, а за кои е предвидено плаќање на истата, да се врши преку Налог за јавни приходи - Образец ПП50.
Информации во однос на начинот на плаќање на административната такса може да најдете тука.
Електронските барања кои се поднесуваат преку системот е-даночни услуги, како барањето за издавање на Уверение за состојба на остварен доход, а за кои е предвидено плаќање на административна такса, во овој период ќе се поднесуваат во хартиена форма на шалтерите на УЈП.
Нема промена во издавањето на уверенија за остварен доход за кои не се плаќа административна такса.
Е- Уверенијата за кои не се плаќа административна такса може да се добијат електронски со најавување во системот е-Даночни услуги.
За добивање на е-Уверение треба да поднесете Барање за издавање на уверение за состојба на остварен доход преку Вашиот кориснички профил во системот е-Даночни услуги. Барањето е достапно во менито -> Барања, подмени -> Барање за издавање на уверение за состојба на остварен доход -> Внес.
Кој може да го користи е-Уверението?
Секое физичко лице со доделен ЕМБГ, вклучувајќи и странци со привремен или постојан престој во Република Северна Македонија, кое е регистриран корисник на системот е-Даночни услуги.
Дополнително ќе известиме кога повторно ќе биде ставен во функција системот eNAPSYS за плаќање на административна такса.