Memorandum_mk
24.10.2024
ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕН ПРИЛИВ НА ДДВ-04 ПРИЈАВИ, СИСТЕМОТ Е-ДАНОЦИ РАБОТИ ЗАБАВЕНО

Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат потешкотии при поднесувањето на пријавите. Тимови од УЈП активно го следат функционирањето на системот.

УЈП постојано апелира до даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот момент за поднесување и кооперативно да придонесат за навремено, целосно и точно исполнување на даночните обврски со цел да се спречат вакви ситуации кога има масовно поднесување во последните денови пред истекот на законскиот рок и е потребно повеќе време за обработка во системот на УЈП.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија