|
|
Директорката на Управата за јавни приходи м-р Елена Петрова на ден 11.09.2024 година, среда, одржа средба со директорот на канцеларијата на Светската банка за Косово и за РС Македонија, г-дин Масимилиано Паолучи, на која се разговараше за досегашната соработка на УЈП со Светска банка, како и можностите за понатамошно продолжување и унапредување на истата.
|
Особено внимание се посвети на активностите на Управата за јавни приходи во рамки на проектот „Градење на ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии во Северна Македонија“, во кој Управата и Министерството за финансии имаат посебни компоненти за развој и имплементација на своите нови ИТ системи. Преку овој проект се обезбедува финансирање на значајни делови на новиот интегриран ИТ систем на УЈП, и тоа складиште на податоци, алатки за деловна интелигенција и центар за опоравување од катастрофи. Од Управата за јавни приходи се очекува да даде соодветен инпут за непречен тек на проектните активности, особено преку учество во специфицирање на своите функционални барања. За таа цел, во Управата веќе се направени одредени организациски подобрувања, а за скоро се планирани и други промени во внатрешната организација кои ќе овозможат активностите во рамки на овој проект да се спроведуваат поефикасно.
На состанокот се разговараше и за потребата за повторно заедничко разгледување на наодите од извештајот од оценската мисија на Светска банка - TAX DIAMOND спроведена во Управата за јавни приходи во 2020 год. Заеднички беше констатирано дека истото ќе има бенефит со цел за освежување на информациите за клучните идентификувани области каде што Управата за јавни приходи треба да се унапреди на краткорочен и среднорочен рок, па според тоа да се преоцени во кои области ќе може да се насочува идна техничка помош од Светска банка и од меѓународните донатори.