Традиционално како и секоја година по повод одбележување на Денот на даночните работници, „Св. Матеј“, даночните работници ширум државата даруваа крв. Во организација на Синдикалната организација на Управата за јавни приходи - Солидарност и Црвениот крст, крводарителска акција се спроведе денес во Скопје а изминатите денови и во други пунктови во внатрешноста на државата. Даночните работници, прикажувајќи го вистинскиот дух на хуманост и годинава се амбасадори на добрите дела кој е нераскинлив дел од посветеноста на УЈП кон општествената одговорност и грижата за заедницата. Оваа заедничка ангажираност продолжува да биде извор на инспирација и поддршка за сите кои имаат потреба од тоа.