Обуките за ефикасни односи со медиумите и управување со кризни ситуации се реализирани од 29 до 30 Септември 2011 година во рамките на проектот за „Поддршка на даночната реформа“ финансиран од Европската Унија ИПА2007.
На дводневните обуки, регионалните портпароли и менаџментот на УЈП имаа можност директно да се запознаат со “тајните“ на успешното користење на техниките и алатките за односи со јавност, креирање и ширење на ефективни пораки, предвидување и справување на кризи ...преку искуството пренесено од надворешни и домашни експерти за комуникација.