Memorandum_mk
Преглед на отворен повик

Заклучок за продажба на движни ствари по пат на непосредна спогодба
Тип на отворен повик: е-Аукции Датум на објава: 29.04.2009 

Комисијата за располагање со движни и недвижни ствари при Министерство за финансии - Управа за јавни приходи - Регионална дирекција Скопје, врз основа на член 62 од Законот за користење и располагање со стварите на државните органи (“Сл.весник на Република Македонија“, бр. 8/05 ) објавува

 

З А К Л У Ч О К
за продажба на движни ствари по пат на непосредна спогодба

 

СЕ ОПРЕДЕЛУВА продажба по пат на слободна (комерцијална) продажба на движни предмети - разновидна трговска стока и тоа (штофови - метража, патики, ранци и друга спортска опрема, патенти и др.) описно дадена во пописни листи и во елаборатот од ред. бр. 889 до 4865, доделен на име надоместок за неплатени даночни обврски на стечајниот должник “ОРКА ХОЛДИНГ“ со ЕДБ 4030990144649, согласно решение на Основен суд Кавадарци Ст. бр. 223/05 од 27.01.2006 година.

Сите заинтересирани лица да достават понуди со дознака “НЕ ОТВАРАЈ“ до Управата за јавни приходи - Регионална дирекција Скопје, на адреса ул. “11 Октомври“ бр. 27 Скопје.

Слободната продажба ќе се одржи во просториите на Управата за јавни приходи - Регионална дирекција Скопје на ул. “11 Октомври“ бр.27, соба бр.106 на ден 08.05.2009 година/петок, со почеток во 11:00 часот.

Движните ствари, предмет на слободна продажба, се сместени во магацинските простории на АД “ТЕХНОЗАВОД“ во Делчево.
 

У П Р А В Н И К,
Елена Јанева Димова

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија