Врз основа на член 25 од Законот за Управата за јавни приходи („Службен весник на РМ“, бр.81/2005...39/12), член 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“, бр.62/2005...39/12), член 10 од Колективниот договор на Управата за јавни приходи број 01-58/1 од 04.01.2011 година и член 17 од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година („Службен весник на РМ“, бр.171/12), Управата за јавни приходи објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БР.01/2013
за вработување во Управа за јавни приходи
Управата за јавни приходи има потреба од вработување на вкупно (30) службеници, на следните работни места:
ГЕНЕРАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ
1. (1) еден извршител на работно место со звање ИТ специјалист за одржување на информациониот систем, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Електротехнички или Природно математички факултет и (2) две години работно искуство во струката,
2. (1) еден извршител на работно место со звање ИТ специјалист/систем администратор за поддршка, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Електротехнички или Природно математички факултет и (1) една година работно искуство во струката,
3. (1) еден извршител на работно место со звање помлад асистент за меѓународна соработка, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Општествени науки, без работно искуство во струката,
4. (1) еден извршител на работно место со звање асистент за регистрација на даночни обврзници, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Општествени науки или Технички факултет и (1) една година работно искуство во струката,
5. (1) еден извршител на работно место со звање помлад асистент за планирање на контроли, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Економски или Правен факултет, без работно искуство во струката,
6. (2) два извршители на работно место со звање самостоен даночен агент за прием, контрола и обработка, со завршен IV/VI степен на образование и (2) две години работно искуство во струката.
ДИРЕКЦИЈА ЗА ГОЛЕМИ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ СКОПЈЕ
7. (1) еден извршител на работно место со звање даночен советник за прием и обработка на даночни пријави, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС - Економски или Правен факултет и (2) две години работно искуство во струката,
8. (1) еден извршител на работно место со звање асистент за подготвителни дејствија, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Правен или Економски факултет и (1) една година работно искуство во струката,
9. (1) еден извршител на работно место со звање помлад асистент за услуги на големи даночни обврзници, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Општествени науки, без работно искуство во струката,
10. (1) еден извршител на работно место со звање помлад асистент за подготвителни дејствија, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Правен или Економски факултет, без работно искуство во струката,
11. (1) еден извршител на работно место со звање помлад ИТ специјалист за одржување на информациониот систем, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС -Електротехнички или Природно математички факултет, без работно искуство во струката,
12. (1) еден извршител на работно место со звање даночен контролор, со завршен IV/VI степен на образование и (1) една година работно искуство во струката,
13. (1) еден извршител на работно место со звање помлад даночен контролор, со завршен IV/VI степен на образование, без работно искуство во струката.
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ
14. (1) еден извршител на работно место со звање асистент за правни работи, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Правен факултет и (1) една година работно искуство во струката,
15. (1) еден извршител на работно место со звање асистент за регистрација на даночни обврзници, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Општествени науки и (1) една година работно искуство во струката,
16. (1) еден извршител на работно место со звање помлад асистент за подготвителни дејствија со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Правен или Економски факултет, без работно искуство во струката,
17. (2) два извршители на работно место со звање самостоен даночен референт за утврдување на данок, со завршен IV/VI степен на образование и (3) три години работно искуство во струката,
18. (3) три извршители на работно место со звање помлад даночен референт за утврдување на данок, со завршен IV/VI степен на образование, без работно искуство во струката.
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ТЕТОВО
19. (1) еден извршител на работно место со звање помлад ИТ специјалист за одржување на информациониот систем, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Електротехнички факултет или Природно математички факултет, без работно искуство во струката.
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ШТИП
20. (1) еден извршител на работно место со звање инспектор, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС - Економски или Правен факултет и најмалку (2) две години работно искуство во струката од кои (1) една година во областа на финансиите,
21. (1) еден извршител на работно место со звање помлад даночен референт за прием и обработка на пријави, со завршен IV/VI степен на образование, без работно искуство во струката.
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА КАВАДАРЦИ
22. (1) еден извршител на работно место со звање инспектор, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС - Правен или Економски факултет и најмалку (2) две години работно искуство во струката, од кои (1) една година во областа на финансиите,
23. (2) два извршители на работно место со звање помлад инспектор, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Правен или Економски факултет, без работно искуство во струката,
24. (1) еден извршител на работно место со звање помлад ИТ специјалист за одржување на информациониот систем, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Електротехнички или Природно математички факултет, без работно искуство во струката,
25. (1) еден извршител на работно место со звање даночен советник за регистрација на даночни обврзници, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС - Општествени науки и (2) две година работно искуство во струката.
Податоци за условите кои треба да ги исполнуваат кандидатите и за начинот на пријавување по огласот:
Кандидатот треба да е државјанин на Република Македонија и да ги исполнува горенаведените посебни услови предвидени за работното место.
Заинтересираните кандидати по објавениот оглас треба да достават пополнет пропишан образец „Пријава за вработување“ кој може да се преземе од интернет страницата на Управата за јавни приходи на следниот линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/105 или да се подигне од архивата на Управата за јавни приходи, односно нејзините организациски единици.
Пополнетата „Пријава за вработување“ треба да се достави преку пошта или непосредно да се предаде во архивата на Управата за јавни приходи – Генерална дирекција, на следната адреса:
Управа за јавни приходи
Генерална дирекција
Сектор за човечки ресурси
бул. Кузман Јосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
со назнака „Јавен оглас бр.01/2013“
Пријавите кои нема да бидат доставени на бараниот начин или ќе бидат доставени по електронска пошта нема да се разгледуваат.
Пријавата треба да биде уредно пополнета со наведување на сите барани податоци, со целосни и точни податоци и да биде потпишана и доставена во рокот објавен за доставување.
Ненавремената, нецелосната и неуредно пополнетата пријава нема да се разгледува.
Рокот за доставување на „Пријавата за вработување“ изнесува (5) пет работни дена од денот на објавувањето на огласот и започнува да тече првиот нареден работен ден по денот на објавата.
За избор на кандидати кои доставиле уредни и навремени пријави за работните места под реден број 3), 5), 9), 10), 11), 13), 16), 18), 19), 21), 23) и 24) од огласот, за кои не е предвидено работно искуство, ќе биде спроведено интервју за кое ќе бидат писмено известени.
За избор на кандидати кои доставиле уредни и навремени пријави за работното место под реден број 1), 2), 4), 6), 7), 8), 12), 14), 15), 17), 20), 22) и 25) од огласот, за кое е предвидено работно искуство во струката, може да биде спроведено интервју или писмена проверка на кандидатот за вршење на работата на работното место.
Избраниот кандидат ќе биде повикан да достави докази за исполнување на потребните услови за работното место за кое се пријавил, во оригинал или копија заверена на нотар.
|