Врз основа на член 86 и член 87 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на РМ” бр.38/05...51/11), Управата за јавни приходи ги повикува долунаведените лица, во рок од осум (8) дена од денот на објавувањето на оваа објава да дојдат во просториите на надлежната организациона единица, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот, за да им се достави Решението кое Управата за јавни приходи не била во можност да го достави на последната пријавена адреса. Доколку лицето не се јави и не изврши прием во наведениот рок, УЈП ќе изврши и еднократна објава во „Службен весник на РМ“. По објавата во „Службен весник на РМ“ ќе се смета дека е извршена уредна достава на Решението и негативните последици кои евентуално ќе настапат, обврзниците сами ќе ги сносат.
|