Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
Преглед на отворен повик

Јавен оглас бр.02/2012 за вработување во Управа за јавни приходи
Тип на отворен повик: Вработување Датум на објава: 08.11.2012 

Врз основа на член 25 од Законот за Управата за јавни приходи („Службен весник на РМ“, бр.81/05...39/12), член 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“, бр.62/05...39/12), член 10 од Колективниот договор на Управата за јавни приходи бр.01-58/1 од 04.01.2011 година, член 17 од Законот за извршување на Буџетот на РM за 2012 година („Службен весник на РМ“, бр.180/11) и Одлуката за потребата од вработување бр.07-7187/1 од 06.11.2012 година, Управата за јавни приходи објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС БР.02/2012
за вработување во Управа за јавни приходи
 

Управата за јавни приходи има потреба од вработување на (1) еден службеник на неопределено време, на следното работно место во:


ГЕНЕРАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ - КОНТАКТ ЦЕНТАР

  1. 1 (еден) извршител на работно место со звање Помлад даночен агент за услуги, со завршен IV или VI степен на образование, без работно искуство во струката.

Кандидатите треба да се државјани на Република Македонија и да ги исполнуваат горенаведените посебни услови предвидени за работното место.

Заинтересираните кандидати по објавениот оглас треба да достават пополнет пропишан образец „Пријава за вработување“ кој може да се преземе од интернет страницата на Управата за јавни приходи на следниот линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/105 или да се подигне од архивата на Управата за јавни приходи, односно нејзините организациски единици

Пополнетата „Пријава за вработување“ треба да се достави преку пошта или непосредно да се предаде во писарницата на Управата за јавни приходи – Генерална дирекција, на следната адреса:

Управа за јавни приходи
Генерална дирекција
Сектор за човечки ресурси
Бул. Кузман Јосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
со назнака „Јавен оглас бр.02/2012“
 

Пријавите кои нема да бидат доставени на бараниот начин или ќе бидат доставени по електронска пошта нема да се разгледуваат.
Пријавата треба да биде уредно пополнета со наведување на сите барани податоци, со целосни и точни податоци и да биде потпишана и доставена во рокот објавен за доставување.
Ненавремената, нецелосната и неуредно пополнетата пријава нема да се разгледува.

Рокот за доставување на „Пријавата за вработување“ изнесува (5) пет работни дена од денот на објавувањето на огласот и започнува да тече првиот нареден работен ден по денот на објавата.

За избор на кандидати кои доставиле уредни и навремени пријави за огласеното работно место за кое не е предвидено работно искуство, ќе биде спроведено интервју за кое кандидатите ќе бидат писмено известени.
Избраниот кандидат ќе биде повикан да достави докази за исполнување на потребните услови за работното место за кое се пријавил, во оригинал или копија заверена на нотар.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија