Година: 2025
Број: 01
Тип: Јавна објава
Наслов: Јавна објава за уредно доставување на записници за сторен прекршок и прекршочни платни налози за правните лица и одговорните лица/физички лица
Датум на издавање: 11.04.2025 година
Институција: Управа за јавни приходи
Архивски бр.3209/1 од 11.04.2025 година
Врз основа на член 56 став 5 и член 57 став 4 од Законот за прекршоци („Службен весник на РСМ”, бр.96/19) Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Прилеп,
ЈАВНА ОБЈАВА
за уредно доставување на записници за сторен прекршок и прекршочни платни налози за правните лица и одговорните лица/физички лица
Се повикуваат правните лица, одговорните лица и физичките лица во рок од осум дена да ги подигнат записниците за сторен прекршок и прекршочните платни налози по електронски пат со испраќање на е-пошта: Petar.Damjanoski@ujp.gov.mk или директно во просториите на Управата за јавни приходи Регионална Дирекција Прилеп/Даночо одделение Кавадарци ул. Вељко Влаховиќ бр.7, Кавадарци.
Со оваа објава на веб страната на органот http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici, а по изминувањето на 8 дена од денот на објавувањето ќе се смета дека Управата за јавни приходи изврши уредна достава на „записник за сторен прекршок“ и „прекршочен платен налог“ за следниве правни, одговорни и физички лица:
1 |
ИНФОРМА СИГНАЛ ДООЕЛ-ВО СТЕЧАЈ |
ул.Војводинска бр.67/3 |
ПРИЛЕП |
3209-3/28-1, 2 |
26.02.2025 |
2 |
ЕМИЛИЈА КОТЕСКА |
ул. Димо Наредникот бр.78/-13 |
ПРИЛЕП |
3209-3/36-3, 4 |
26.02.2025 |
3 |
ЈАНКУЛОСКИ ГОРАН |
ул. Мицко Козар бр.2 |
ВЕЛЕС |
3209-3/52-3, 4 |
10.03.2025 |
|