Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
Преглед на отворен повик

Поднесување на Годишна даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“) за утврдување на персонален данок на доход во 2008 година
Тип на отворен повик: Јавна покана Датум на објава: 26.12.2008 

Врз oснова на член 68 став 2 од Законот за персоналниот данок на доход ("Сл.весник на РМ" број 80/93....160/07), Министерството за финансии - Управата за јавни приходи, истакнува

ЈАВНА ПОКАНА
за поднесување на Годишна даночна пријава (образец "ПДД - ГДП"), за утврдување на персонален данок на доход за 2008 година

I. Годишна даночна пријава поднесува граѓанин кој остварил приходи по основ на:
1. Лични примања: плати и надоместоци на трошоци од работен однос што се исплатени над износите утврдени во членот 6 од Законот за персоналниот данок на доход и сите други надоместоци утврдени со Законот за работни односи, пензиите, примањата на членови на органите на управување и органите на надзор на трговските друштва, примањата на функционери, пратеници и советници и други носители на јавни функции, примања на професионални спортисти, надоместок за време на боледување, надоместок за време на отсуство од работа, надоместок за работа на судии, поротници, вешти лица и стечајни управници, кои немаат својство на вработени лица во соодветните институции или друштва, надоместок на членовите на Македонската академија на науките и уметностите, плата остварена со работа во странство врз основа на работен однос заснован во земјата и секој поединечно остварен приход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица;

2. Приходи од земјоделска дејност кои се оданочуваат според катастарски приход, ако граѓанинот остварува приходи и од други извори;
3. Приходи од самостојна дејност, ако граѓанинот остварува приходи и од други извори;
4. Приходи од имот и имотни права;
5. Приходи од авторски права и права од индустриска сопственост: вајарски дела, таписерии, керамопластика, уметничка керамика и витраж,уметничка фотографија, ѕидно сликарство и сликарство во простор во техника, фреска, графика, мозаик, интарзија, емајл, интарзирани и емајлирани предмети, костимографија, модно креаторство и уметничка обработка на текстил; сликарски дела, графички дела, индустриско обликување со изработување на модели и макети, ситна пластика, уметнички решенија за сценографија, научни, стручни и публицистички дела, преведување на дела од книжевноста, музички и кинематографски дела и реставраторски и конзерваторски дела во областа на културата и уметноста; изведување уметнички дела во областа на сериозната музика, балетот, операта и театарското и филмското актерство, за рецитирање, снимање филмови и идејни скици за таписерија и костимографија, преводи, предавања и слични интелектуални творби, изведување на естрадни програми на забавна и народна музика и други авторски дела и дела од индустриска сопственост, кои не се претходно наведени;
6. Приходи од капитал: дивиденди и другите приходи остварени со учество во добивката кај правните и физичките лица, камати по кредитите дадени на физички и правни лица и камати по обврзници или други хартии од вредност;
7. Капитални добивки: од продажба на хартии од вредност, учество во капиталот и недвижен имот;
8. Добивки од игри на среќа и други наградни игри;
9. Други приходи: сите приходи кои се исплатени, и не се набројани од точките 1 до 8 од Јавната покана ниту се ослободени од обврската за оданочување согласно член 6 од ЗПДД, како и приходите остварени со стекнување на хартии од вредност и учество во капиталот без надоместок, доколку истите не се оданочени со Законот за даноци на имот.

НАПОМЕНА: Граѓаните кои во текот на годината остваруваат само приходи од: плата, пензија, приходи од земјоделска дејност според катастарски приход или приходи од самостојна дејност не се должни да поднесуваат годишна даночна пријава.

Граѓанинот е должен годишната даночна пријава да ја поднесе до Министерството за финансии - Управа за јавни приходи, во подрачјето на неговото живеалиште најдоцна до 15 март 2009 година.

На даночните обврзници кои нема да поднесат даночна пријава во роковите определени со оваа ЈАВНА ПОКАНА, ќе им се изрече глоба за сторен прекршок согласно Законот за персоналниот данок на доход.

 

За да ја преземете и пополните даночната пријава кликни образец “ПДД-ГДП“. За повеќе информации во врска со пополнувањето и поднесувањето на Годишна даночна пријава превземете ја Брошурата.

Pdf_16   Превземи го документот  (226 KB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија