Година: 2024
Број: 01
Тип: Јавна објава
Наслов: Јавна објава за уредно доставување на решенија за сторен прекршок/известувања по поднесеното барање за поведување на прекршочна постапка за правните лица и одговорните лица/физички лица по поведените барања за прекршочна постапка
Датум на издавање: 23.02.2024 година
Институција: Управа за јавни приходи
Бр.33-100/8-1 од 08.02.2024 година
Врз основа на член 56 став 5 и член 57 став 4 од Законот за прекршоци („Службен весник на РСМ”, бр.96/19), Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Штип, Комисија за прекршоци објавува,
ЈАВНА ОБЈАВА
за уредно доставување на решенија за сторен прекршок /известувања по поднесеното барање за поведување на прекршочна постапка за правните лица и одговорните лица/физички лица по поведените барања за прекршочна постапка
Се повикуваат правните лица, одговорните лица и физичките лица во рок од осум дена да го подигнат решението за сторен прекршок по поднесеното барање за поведување на прекршочна постапка по електронски пат со испраќање на е-пошта: Sanja.Jovchevska@ujp.gov.mk или директно во просториите на Управата за јавни приходи Регионална Дирекција Штип ул.Плоштад слобода бб Штип.
Со оваа објава на веб страната на органот http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici, а по изминувањето на осум дена од денот на објавувањето ќе се смета дека Управата за јавни приходи изврши уредна достава на „решение за сторен прекршок“ и ,,известувања по барање за поведување на прекршочна постапка,, за следниве правни и одговорни/физички лица: (види линк)
|