Memorandum_mk
Преглед на отворен повик

Јавна објава за уредно доставување на известувања по поднесени барања за прекршочна постапка
Тип на отворен повик: Јавна објава Датум на објава: 13.09.2022 

Година: 2022
Број: 01
Тип: Јавна објава
Наслов: Јавна објава за уредно доставување на известувања по поднесени барања за прекршочна постапка
Датум на издавање: 13.09.2022 година
Институција: Управа за јавни приходи
Бр.2823-2/5 од 07.09.2022 година


Врз основа на член 56 став 5 и член 57 став 4 од Законот за прекршоци („Службен весник на РСМ”, бр.96/19) Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Прилеп, Комисија за прекршоци објавува

ЈАВНА ОБЈАВА
за уредно доставување на известувања по поднесени барања за прекршочна постапка

Се повикуваат правните и физичките лица во рок од осум дена да го подигнат решението за известувањето по поднесеното барање за поведување на прекршочна постапка по електронски пат со испраќање на е-пошта: Tejfit.Amishev@ujp.gov.mk или директно во просториите на Управата за јавни приходи Регионална Дирекција Прилеп/Даночо одделение Кавадарциул, Вељко Влаховиќ бр.7, Кавадарци.

Со оваа објава на веб страната на органот http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici, а по изминувањето на осум дена од денот на објавувањето ќе се смета дека Управата за јавни приходи изврши уредна достава на известувања по барање за поведување на прекршочна постапка, за правните и физичките лица (види линк)

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија