Година: 2022
Број: 01
Тип: Јавна објава
Наслов: Јавна објава за уредно доставување на записници за сторен прекршок и
прекршочни платни налози за правните лица и одговорните лица/физички лица
Датум на издавање: 01.08.2022 година
Институција: Управа за јавни приходи
Бр.28-4524
Врз основа на член 56 став 5 и член 57 став 4 од Законот за прекршоци („Службен весник на РСМ”, бр.96/19) Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Прилеп,
ЈАВНА ОБЈАВА
зза уредно доставување на записници за сторен прекршок и прекршочни платни налози за правните лица и одговорните лица/физички лица
Се повикуваат правните лица, одговорните лица и физичките лица во рок од осум дена да ги подигнат записниците за сторен прекршок и прекршочните платни налози по електронски пат со испраќање на е-пошта: Cena.Matevska-Duza@ujp.gov.mk или директно во просториите на Управата за јавни приходи Регионална Дирекција Прилеп ул.Прилепски Бранители бб Прилеп
Со оваа објава на веб страната на Управата за јавни приходи http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici, а по изминувањето на осум дена од денот на објавувањето ќе се смета дека Управата за јавни приходи изврши уредна достава на „записник за сторен прекршок“ и ,,прекршочен платен налог,, за следниве правни, и одговорни лица (види линк)
|