Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.06/2022 за долгови доспеани до 28.02.2022 и неплатени до 31.05.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
- повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
- повисок од 300.000 денари за правните лица.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.
Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:
- надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) - за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
- Царинска управа на РСМ - Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) - за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.
На Листата на должници бр.06/2022 објавени се 1.626 должници - правни лица (помалку за 26 од претходната листа) и 3.177 физички лица (помалку за 26 од претходната листа)
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.06/2022 изнесува 8.291.898.402 денари, помалку за 86.554.074 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.068.100.853 денари (помалку за 110.890.788 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 223.797.549 денари (повеке за 24.336.714 денари од претходната листа).
|