Memorandum_mk
Преглед на отворен повик

ДГДО - Заклучок за слободна комерцијална продажба
Тип на отворен повик: е-Аукции Датум на објава: 07.12.2010 

Управа за јавни приходи - Дирекција за големи даночни обврзници (ДГДО) врз основа на член 151 став 2 од Законот за даночна постапка („Службен весник на РМ“ бр.13/06...145/10), донесе
 

З А К Л У Ч О К
за слободна комерцијална продажба

Сe определува продажба по пат на слободна (комерцијална) продажба на движни предмети попишани и запленети од даночниот должник М и А бевериџис д.о.о.е.л. експорт-импорт Скопје ЕДБ 4030990107875 и тоа:

Вид на производ/
суровина
Име на
производ
Количина по
пакување
 Количина  Локација
 Чај од лимон  Nice tea  1 литар 26.880 литри УЈП - Магацин за стокови резерви Неготино
 Чај од лимон  Nice tea  1 литар 9.724 литри Магацин Карпош ул. Љубљанска бб Скопје
 Чај од праска  Nice tea  1 литар 60.295 литри Магацин Макошпед ул. Нов живот бб Скопје

Сите заинтересирани лица да достават понуди со дознака “НЕ ОТВОРАЈ - ПРОДАЖБА ЧАЕВИ” до Управа за јавни приходи – ДГДО на ул.12-та Ударна бригада бр.2-а Скопје, најдоцна до 13/12/2010 година.
На ден 14/12/2010 година во 09.00 часот ќе се изврши отворање на доставените понуди и избор на најдобрата понуда.
Лицето чија понуда ќе биде изберена има рок од осум дена, од денот на приемот на известувањето за прифаќање на понудата да изврши уплата на цената.

 

О б р а з л о ж е н и е

Управата за јавни приходи - ДГДО со решение број 21-4514/1 од 27/10/2010 година отпочна присилна наплата од готови производи и суровини за производство сопственост на даночниот должник М и А бевериџис д.о.о.е.л. експорт-импорт Скопје ЕДБ 4030990107875.
Врз основа на донесеното решение спроведен е попис, процена и заплена на готови производи наведени во диспозитивот.
Со оглед на тоа што предмет на присилната наплата се движни предмети кои се со определен рок на траење се одлучи за начин на нивна продажба како во диспозитивот.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија