Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
Преглед на отворен повик

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2010 за вработување на службеници во Управата за јавни приходи
Тип на отворен повик: Вработување Датум на објава: 06.02.2010 

Врз основа на член 25 од Законот за Управата за јавни приходи („Службен весник на Р.М.”, бр. 81/08, 81/08, 105/09) и член 19 од Закон за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2010 година („Службен весник на Р.М.”, бр. 156/09), Министерство за финасии - Управа за јавни приходи, објавува


ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2010

за вработување на службеници во Управата за јавни приходи

Министерството за финансии - Управа за јавни приходи има потреба од вработување на службеници - 27 изршители, за следните работни места:

ВО УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ - ГЕНЕРАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ:
1. 1 (еден) извршител на работно место со звање помлад асистент за меѓународна соработка со VII1 општествени науки без работно искуство
2. 2 (два) извршители на работно место со звање асистент за едукација со VII1 општествени науки и 1 година работно искуство

ВО УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ - РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ:
3. 1 (еден) извршител на работно место со звање асистент за услуги на даночни обврзници со VII1 правен или економски факултет и 1 година работно искуство
4. 1 (еден) извршител на работно место со звање помлад асистент за услуги на даночни обврзници со VII1 правен или економски факултет без работно искуство
5. 2 (два) извршители на работно место со звање асистент за утврдување на данок со VII1 правен или економски факултет и 1 година работно искуство
6. 3 (три) извршители на работно место со звање помлад асистент за утврдување на данок со VII1 правен или економски факултет без работно искуство
7. 4 (четири) извршители на работно место со звање инспектор со VII1 правен или економски факултет и 2 години работно искуство
8. 3 (три) извршители на работно место со звање помлад инспектор со VII1 правен или економски факултет без работно искуство

ВО УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ - РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА БИТОЛА:
9. 2 (два) извршители на работно место со звање инспектор со VII1 правен или економски факултет и 2 години работно искуство

ВО УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ - РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ШТИП:
10. 1 (еден) извршител на работно место со звање инспектор со VII1 правен или економски факултет и 2 години работно искуство

ВО УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ - РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ШТИП - ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ СТРУМИЦА:
11. 1 (еден) извршител на работно место со звање асистент за услуги на даночни обврзници со VII1 правен или економски факултет без работно искуство

ВО УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ - РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ТЕТОВО:
12. 2 (два) извршители на работно место со звање инспектор со VII1 правен или економски факултет и 2 години работно искуство
13. 2 (два) извршители на работно место со звање помлад инспектор со VII1 правен или економски факултет без работно искуство

ВО УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ - РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА КАВАДАРЦИ:
14. 1 (еден) извршител на работно место со звање инспектор со VII1 правен или економски факултет и 2 години работно искуство
15. 1 (еден) извршител на работно место со звање помлад асистент за утврдување на данок со VII1 правен или економски факултет без работно искуство

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови за вработување на службеници: да е државјанин на Република Македонија, да е полнолетен, да има општа здравстена способност, да не му е извречена мерка на безбедност - забрана за вршење на професија, дејност или должност, да има општа здравствена способност, како и посебните услови предвидени со Правилникот за систематизација на работните места во Управата за јавни приходи.

Заинтересираните кандидати се должни да достават пополнет образец „Пријава за вработување на службеник во Управата за јавни приходи“ , која може да се преземе тука.
Пополнетите пријави кандидатите може да ги достават лично во архивата на Управата за јавни приходи или преку пошта или интернет на:
Адреса:
Управа за јавни приходи - Генерална дирекција
Сектор за човечки ресурси
бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 1, 1000 Скопје
е-пошта: vrabotuvanje@ujp.gov.mk

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

Ненавремената, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за вработување на службеници во Управата за јавни приходи.
Кандидатите кои доставиле уредни пријави за работните места под број 2, 3, 4, 5, 7, 9, 10, 11, 12 и 14 ќе бидат подложени на проверка на способноста за вршење на работата на работното место.
Со кандидатите кои доставиле уредни пријави за работните места под број 1, 6, 8, 13 и 15 ќе биде спроведено интервју.

Избраниот кандидат ќе биде повикан во органот да достави докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место за кое конкурирал, во оригинал или копија заверена кај нотар.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија