Memorandum_mk
Преглед на отворен повик

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2009 за вработување на службеници во Управата за јавни приходи
Тип на отворен повик: Вработување Датум на објава: 29.10.2009 

Врз основа на член 25 од Законот за Управата за јавни приходи („Службен весник на Р.М.”, бр.81/05 и 81/08) и член 18 („Службен весник на Р.М.”, бр. 166/08), Министерството за финасии - Управа за јавни приходи, објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2009
за вработување на службеници во Управата за јавни приходи

 

Министерството за финансии - Управа за јавни приходи има потреба од вработување на
службеници - (3) три изршители, за следните работни места:

ВО УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ - ГЕНЕРАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ:

  1. 1 (еден) извршител на работно место со звање помлад ИТ специјалист / систем администратор со VII1 ЕТФ или ПМФ без работно искуство
  2. 1 (еден) извршител на работно место со звање помлад ИТ специјалист / веб администратор со VII1 ЕТФ или ПМФ без работно искуство
  3. 1 (еден) извршител на работно место со звање помлад ИТ специјалист / администратор за графички дизајн со VII1 ЕТФ или ПМФ без работно искуство

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови за вработување на службеници: да е државјанин на Република Македонија, да е полнолетен, да има општа здравстена способност, да не му е извречена мерка на безбедност - забрана за вршење на професија, дејност или должност, да има општа здравствена способност како и посебните услови предвидени со Правилникот за систематизација на работните места во Управата за јавни приходи.

Заинтересираните кандидати се должни да достават пријава за вработување на службеник во Управата за јавни приходи во изготвен образец во писмена форма.

Пополнетите пријави кандидатите може да подигне во архивата на Управата за јавни приходи - Генерална дирекција - Скопје, бул. “Кузман Јосифовски Питу” бр. 1 или на веб страницата на www.ujp.gov.mk (преземи ја Пријавата)

Пополнетите пријави кандидатите може да ги достават лично во архивата на Управата за јавни приходи или преку пошта на:

Aдреса: Управа за јавни приходи- Генерална дирекција
Сектор за човечки ресурси
ул. „Кузман Јосифовски Питу “ бр.1 (Комплекс Банки)
1000 Скопје или
е-пошта: vrabotuvanje@ujp.gov.mk

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

Ненавремената, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за вработување на службеници во Управата за јавни приходи.

За избор на кандидатите ќе биде спроведено интервју.

Избраниот кандидат ќе биде повикан во Управата за јавни приходи да достави докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место за кое конкурирал, во оригинал или копија заверена кај нотар.

Word_16   Пријава за вработување на даночен службеник  (892 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија