Комисијата за располагање со движни и недвижни ствари при Министерство за финансии - Управа за јавни приходи, Регионална дирекција Скопје, врз основа на член 62 од Законот за користење и располагање со стварите на државните органи („Службен весник на Р.М.“, бр.8/05 ) и Решение на Управата за јавни приходи - Генерална дирекција Скопје бр.10-3317/1 од 04/04/2008 година, објавува
З А К Л У Ч О К
за продажба на движни ствари по пат на непосредна спогодба
СЕ ОПРЕДЕЛУВА продажба по пат на слободна (комерцијална) продажба на движни предмети:
- разновидна трговска стока и тоа (штофови-метража, патики, ранци и др. спортска опрема, патенти и др.)
описно дадена во пописни листи и во елаборатот од ред. бр. 889 до 4865, доделен на име надоместок за неплатени даночни обврски на стечајниот должник „ОРКА ХОЛДИНГ“ со ЕДБ 4030990144649, согласно решение на Основен суд Кавадарци Ст.бр.223/05 од 27.01.2006 година.
Сите заинтересирани лица да достават понуди со дознака “НЕ ОТВАРАЈ“ до Управата за јавни приходи - Регионална дирекција Скопје, на адреса ул. „11 Октомври“ бр.27, 1000 Скопје, најдоцна до 03.11.2009 година.
Слободната продажба ќе се одржи во просториите на Управата за јавни приходи - Регионална дирекција Скопје што се наоѓа на ул. „11 Октомври“ бр.27, соба бр.106, на ден 03.11.2009 година со почеток во 11.00 часот.
Движните стварите предмет на слободна продажба се сместени во магацинските простории на АД„ТЕХНОЗАВОД“ во Делчево.
|