Memorandum_mk
Преглед на отворен повик

Возен ред на мобилни даночни шалтери / Април 2016
Тип на отворен повик: Мобилен даночен шалтер Датум на објава: 31.03.2016 

Користете ги даночните услуги на „Мобилните даночни шалтери“. Со трите специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде Управата нема постојани даночни канцеларии, како и локации кои дополнително можат да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното населиние и бизниси.
Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и сл., како и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата за јавни приходи. 

ВОЗЕН РЕД / АПРИЛ 2016

Број на МДШ

Општина/Место

Датум

Период (од-до)

Локација

03 Карбици 05 април од 10.00 до 15.00 часот пред општинска зграда
01 Ѓорче Петров 08 април од 10.00 до 15.00 часот пред општинска зграда
02 Долнени 12 април од 10.00 до 15.00 часот пред општинска зграда
03 Чашка 13 април од 10.00 до 15.00 часот пред општинска зграда
03 Лозово 14 април од 10.00 до 15.00 часот пред општинска зграда
02 Кривогаштани 15 април од 10.00 до 15.00 часот пред општинска зграда
03 Зрновци 15 април од 10.00 до 15.00 часот пред општинска зграда
03 Липково 18 април од 10.00 до 15.00 часот пред општинска зграда
03 Лозово 21 април од 10.00 до 15.00 часот пред општинска зграда
02 Житоше 22 април од 10.00 до 14.30 часот во центар на селото
02 Дебреште 28 април од 10.00 до 14.30 часот во центар на селото

За возниот ред на Мобилните даночни шалтери, можете да се информирате и преку Инфо центарот 0800 33 000.

Pdf_16   Возен ред на мобилни даночни шалтери / Април 2016  (125 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија