Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
Преглед на отворен повик

Поднесување на Годишна даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“) за утврдување на персонален данок на доход во 2006 година
Тип на отворен повик: Јавна покана Датум на објава: 22.12.2006 

Врз основа на член 68 став 2 од Законот за персонален данок на доход (“Сл.весник на РМ”,број 80/93, 3/94, 70/94, 71/96, 28/97, 8/2001, 50/2001, 52/2001, 44/2002, 96/04, 120/05 и 52/06), Министерството за финансии - Управата за јавни приходи, истакнува


ЈАВНА ПОКАНА
за поднесување на годишна даночна пријава, за утврдување на персонален данок на доход за 2006 година


I. Годишна даночна пријава (образец “ПДД-ГДП”), поднесува граѓанин кој остварил приходи по основ на:

  1. Лични примања: (плати и други дополнителни примања по основ на работен однос, пензии, примања на членови на органите на управување и на органите на надзор на трговските друштва, примања на функционери, пратеници, советници и други носители на јавни функции, надоместок за работа на судии поротници, вешти лица и стечајни управници, кои немаат својство на вработени лица во соодветните институции или друштва, надоместок на членовите на Македонската академија на науките и уметностите, и секој поединечно остварен приход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица);
  2. Приходи од земјоделска дејност кои се оданочуваат според катастарски приход, доколку остварува приходи и од други извори;
  3. Приходи од самостојна дејност, доколку остварува приходи и од други извори;
  4. Приходи од имот и имотни права;
  5. Приходи од авторски права и права од индустриска сопственост;
  6. Приходи од капитал: (дивиденди и други приходи остварени со учество во добивката кај правни и физички лица,приходи од камати за кои постои обврска за плаќање на данок);
  7. Приходи од капитални добивки и
  8. Други приходи

НАПОМЕНА: Граѓаните кои во текот на годината остваруваат само приходи од: плата и пензија; приходи од земјоделска дејност според катастарски приход; и приходи од самостојна дејност не се должни да поднесуваат годишна даночна пријава.

Граѓанинот е должен годишната даночна пријава да ја поднесе до Министерството за финансии - Управа за јавни приходи, во подрачјето на неговото живеалиште, најдоцна до 15 март 2007 година.

На даночните обврзници кој нема да поднесат даночна пријава во роковите определени со оваа ЈАВНА ПОКАНА, ќе им се изрече глоба за сторен прекршок, согласно Законот за персонален данок на доход. 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија