Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
Преглед на отворен повик

Jавна објава за затворање на жиро сметки кои се преземени во УЈП од поранешната Агенција за работа со блокирани сметки
Тип на отворен повик: Јавна објава Датум на објава: 11.02.2015 

Согласно член 3 став 1 од Законот за затворање на сметките кои се преземени во Управата за јавни приходи од поранешната Агенција за работа со блокирани сметки на учесниците во платниот промет, чии иматели се субјекти кои по организациона форма не се трговски друштва или трговци поединици („Службен весник на РМ“, бр.180/14), Управата за јавни приходи објавува Листа на 30.449 субјекти кои по организациона форма не се трговски друштва и трговци-поединци, и чии сметки не се пренесени кај носителите на платен промет до 31 декември 2001 година и се затвораат согласно со овој закон.

Листата ги опфаќа сите жиро сметки на наведените субјекти, со и без евидентирани налози и извршни решенија на редослед за извршување и со и без преостанати парични средства на сметката.

Се известуваат доверителите кои имаат ненаплатени побарувања од субјектите утврдени за наплата врз основа на судски одлуки со извршни решенија, дека истите можат да ги достават за наплата од евентуално преостанатите парични средства на жиро сметките на субјектите, во рок од 30 дена од денот на оваа објава, односно најдоцна до 13 март 2015 година. Судските одлуки и извршните решенија треба да се достават по пошта, на следната адреса:
               Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје
               бул. Кузман Јосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
               со назнака: “ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ЖИРО СМЕТКИ - АБС“
За паричните средства што ќе преостанат по наплата на евентуалните извршни решенија, секој субјект чија жиро сметка се затвора може после 13 март 2015 година да даде налог за пренос на истите на сопствена трансакциска сметка што се води кај носител на платен промет, во рок од 30 дена, односно најдоцна до 14 април 2015 година. После тој рок, преостанатите парични средства од жиро сметките кои се затвораат Управата за јавни приходи ќе ги пренесе во корист на Буџетот на Република Македонија, согласно со член 3 став 4 од Законот.

Document   10-1103_1_Lista na subjekti cii ziro smetki od poranesnata Agencija za rabota so blokirani smetki se zatvoraat soglasno so zakon _11.02.2015  (3 MB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија