Memorandum_mk
Преглед на отворен повик

Јавен оглас бр.02/2014 за вработување во Управа за јавни приходи
Тип на отворен повик: Вработување Датум на објава: 29.09.2014 

Врз основа на член 25 од Законот за Управата за јавни приходи („Службен весник на РМ”, бр.81/08...39/12), член 22 и 23 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ”, бр.62/05...113/14), член 17 од Закон за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година („Службен весник на РМ”, бр.180/13) и Одлука бр.07-6917/1 и Одлука бр.07-6918/1, двете од 26.09.2014, Управа за јавни приходи објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БР. 02/2014
за вработување во Управа за јавни приходи

Управата за јавни приходи има потреба од вработување на 3 извршители, за следните работни места:

ГЕНЕРАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ

 1)
 

Еден (1) извршител во Сектор за услуги на даночни обврзници и даноци, Оддел за имплементација на директни даноци, на работно место Помлад асистент за персонален данок на доход, со завршен VII/1 степен на високо образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Економски или Правен факултет, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 27.497,20 денари;

 2)
 

Еден (1) извршител во Сектор за утврдување и наплата на данок, Оддел за усогласување и евиденција на наплатата, на работно место Помлад асистент за усогласување и евиденција на наплатата, со завршен VII/1 степен на високо образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Економски или Правен факултет, без работно искуство во струката, со основна плата во бруто износ од 27.497,20 денари; и

 3)

Еден (1) извршител во Сектор за стратешко планирање, анализа и статистика, Оддел за стратешко планирање и развој, на работно место Аналитичар за стратешко планирање и развој, со завршен VII/1 степен на високо образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Економски или Правен факултет и со најмалку 1 година работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 30.402,23 денари.

Кандидатот треба да е државјанин на Република Македонија и да ги исполнува горенаведените услови.
Заинтересираниот кандидат е должен да достави пополнет образец „Пријава за вработување во Управа за јавни приходи”, која може да се преземе од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/105
Кандидатот е должен пријавата да ја пополни во целост, прецизно, со точни податоци и да ја достави во архивата на Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје или преку пошта на следната адреса:
                Управа за јавни приходи - Генерална дирекција
                бул. „Кузман Јосифовски - Питу” бр.1, 1000 Скопје
                со назнака: за “ЈАВЕН ОГЛАС БР.2/2014“
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување од
страна на Комисијата за вработување во Управата за јавни приходи.
Со кандидатите кои доставиле уредни пријави за работното место под реден број 3 за кои е предвидено работно искуство во струката ќе биде спроведено интервју или писмена проверка за кое ќе бидат писмено известени.
Со кандидатите кои доставиле уредни пријави ќе биде спроведено интервју за кое ќе бидат писмено известени.
Избраниот кандидат ќе биде повикан во Управата за јавни приходи да достави докази за исполнување на горенаведените услови за работното место за кое конкурирал, во оригинал или копија заверена кај нотар.
Почетокот и завршетокот на дневното и неделното работно време за огласените работни места е утврден од 08:30 до 16:30 часот, од понеделник до петок.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија