Memorandum_mk
Преглед на отворен повик

Јавна покана за поднесување на Годишна даночна пријава (образец "ПДД-ГДП"), за утврдување на персоналниот данок на доход за 2013 година
Тип на отворен повик: Јавна покана Датум на објава: 20.12.2013 

Врз основа на член 68 став 2 од Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ” бр.80/93...166/12), Управата за јавни приходи истакнува
 

ЈАВНА ПОКАНА
за поднесување на Годишна даночна пријава (образец "ПДД-ГДП"), за утврдување на персоналниот данок на доход за 2013 година

 

Годишна даночна пријава поднесува граѓанин кој остварил приходи по основ на:

 1) Лични примања: платa и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот утврдена со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување; надоместоци на трошоци од работен однос исплатени над износите од член 6 на овој закон, и сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа утврдени со Законот за работните односи, Општиот колективен договор за стопанството во Република Македонија, гранските колективни договори и прописите за органите на државната управа; пензиите; примањата на членови на органите на управување и на органите на надзор на трговските друштва; примањата на функционери, пратеници, советници, и други носители на јавни функции; примања на професионални спортисти (премии, трансфери и сл.); надоместок за врвни спортисти; надоместок за време на боледување; надоместок за време на отсуство од работа; надоместок за работа на судии поротници; вешти лица и стечајни управници, кои немаат својство на вработени лица во соодветните институции или друштва; надоместок на членовите на Македонската академија на науките и уметностите; плата остварена со работа во странство врз основа на работен однос заснован во земјата и секој поединечно остварен приход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица;

2) Приходи од земјоделска дејност, ако граѓанинот остварува приходи и од други извори;

3) Приходи од самостојна дејност, ако граѓанинот остварува приходи и од други извори;

4) Приходи од имот и имотни права: приходите што обврзникот ги остварува од издавање под закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот;

5) Приходи од авторски права и права од индустриска сопственост: вајарски дела, таписерии, керамопластика, уметничка керамика и витраж, уметничка фотографија, ѕидно сликарство и сликарство во простор во техника, фреска, графика, мозаик, интарзија, емајл, интарзирани и емајлирани предмети, костимографија, модно креаторство и уметничка обработка на текстил, сликарски дела, графички дела, индустриско обликување со изработување на модели и макети, ситна пластика, уметнички решенија за сценографија, научни, стручни и публицистички дела, преведување на дела од книжевноста, музички и кинематографски дела и реставраторски и конзерваторски дела во областа на културата и уметноста, изведување уметнички дела во областа на сериозната музика, балетот, операта и театарското и филмското актерство, за рецитирање, снимање филмови и идејни скици за таписерија и костимографија, преводи (освен преводи на книжевни дела), предавања и слични интелектуални творби, изведување на естрадни програми на забавна и народна музика и други авторски дела и дела од индустриска сопственост, кои не се претходно наведени;

6) Приходи од капитал: дивиденди и другите приходи остварени со учество во добивката кај правните и физичките лица, каматитe по заеми дадени на физички и правни лица и камати по обврзници или други хартии од вредност;

7) Капитални добивки: од продажба на учество во капиталот и недвижен имот;

8) Добивки од игри на среќа и други наградни игри: приходи што се остварени во пари, предмети или права;

9) Други приходи: сите други приходи кои се исплатени, а не се набројани во точките 1 до 8 од оваа Јавна покана, ниту се ослободени од обврската за оданочување согласно член 6 од ЗПДД, како и приходите остварени со стекнување на хартии од вредност и учество во капиталот без надоместок, доколку истите не се оданочени согласно Законот за даноци на имот.

НАПОМЕНА: Граѓаните кои во текот на годината остваруваат само приходи од: плата и пензија, приходи од земјоделска дејност и приходи од самостојна дејност не се должни да поднесуваат Годишна даночна пријава.

Граѓанинот е должен Годишната даночна пријава да ја поднесе до даночната канцеларија на УЈП според местото на живеење, во Контакт центарот Скопје без разлика на местото на живеење на граѓанинот или преку е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/
Рокот за поднесување е од 1 јануари до 15 март 2014 година.

На даночните обврзници кои нема да поднесат даночна пријава во роковите определени со оваа ЈАВНА ПОКАНА, ќе им се изрече глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност за сторен прекршок согласно Законот за персоналниот данок на доход.

Document   Превземи го документот  (136 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија