Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
Преглед на отворен повик

Јавен оглас бр.04/2013 за вработување во Управа за јавни приходи
Тип на отворен повик: Вработување Датум на објава: 16.12.2013 

Врз основа на член 25 од Законот за Управата за јавни приходи („Службен весник на РМ”, бр.81/08...39/12), член 22 и 23 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ”, бр.62/05...39/12), член 17 од Закон за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година („Службен весник на РМ”, бр.171/12) и Одлука бр.07-7657/1 од 05.12.2013, Управа за јавни приходи објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БР. 4/2013
за вработување во Управа за јавни приходи

Управата за јавни приходи има потреба од вработување на 20 извршител/и, за следните работни места:

РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА БИТОЛА
1) Еден (1) извршител на работно место со звање помлад асистент за утврдување на данок, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Економски или Правен факултет, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 27.496,46 денари.
2) Еден (1) извршител на работно место со звање помлад асистент за подготвителни дејствија, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Економски или Правен факултет, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 27.496,46 денари.
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ОХРИД
3) Еден (1) извршител на работно место со звање помлад асистент за утврдување на данок, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС – Општествени науки, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 27.496,46 денари.
ДАНОЧЕН ШАЛТЕР РЕСЕН
4) Еден (1) извршител на работно место со звање помлад даночен агент за услуги, со завршен IV/VI степен на образование, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 18.048,57 денари.
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ТЕТОВО
5) Еден (1) извршител на работно место со звање помлад асистент за утврдување на данок, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Економски или Правен факултет, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 27.496,46 денари.

ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ГОСТИВАР
6) Еден (1) извршител на работно место со звање помлад асистент за утврдување на данок, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС – Општествени науки, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 27.496,46 денари.

РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ШТИП
7) Еден (1) извршител на работно место со звање помлад асистент за прием и обработка на пријави, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Економски или Правен факултет, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 27.496,46 денари.

8) Еден (1) извршител на работно место со звање помлад асистент за утврдување на данок, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС – Економски или Правен факултет, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 27.496,46 денари.

9) Еден (1) извршител на работно место со звање помлад асистент за поврат, пребивање и пренасочување на данок, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС – Економски или Правен факултет, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 27.496,46 денари.

10) Еден (1) извршител на работно место со звање самостоен даночен извршител / проценител, со завршен VI/VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС – предност Технички факултет, со најмалку 3 години работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 29.071,11 денари.

11) Три (3) извршители на работно место со звање даночен извршител, со завршен IV/VI степен на образование, со најмалку 3 години работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 20.803,80 денари.

12) Еден (1) извршител на работно место со звање самостоен даночен референт за инспекторско досие, со завршен IV/VI степен на образование, со најмалку 3 години работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 21.984,92 денари.

РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА КАВАДАРЦИ
13) Еден (1) извршител на работно место со звање помлад асистент за прием и обработка на пријави, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Економски или Правен факултет, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 27.496,46 денари.

14) Еден (1) извршител на работно место со звање асистент за подготвителни дејствија, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Економски или Правен факултет, со најмалку 1 година работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 30.508.27 денари.

15) Два (2) извршители на работно место со звање даночен извршител, со завршен IV/VI степен на образование, со најмалку 3 години работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 20.803,80 денари.

ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ВЕЛЕС
16) Еден (1) извршител на работно место со звање асистент за утврдување на данок, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС – Општествени науки, со најмалку 1 година работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 30.508.27 денари.

ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ГЕВГЕЛИЈА
17) Еден (1) извршител на работно место со звање асистент за утврдување на данок, со завршен VII1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС – Општествени науки, со најмалку 1 година работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 30.508.27 денари.

Кандидатот треба да е државјанин на Република Македонија и да ги исполнува горенаведените услови.
Заинтересираниот кандидат е должен да достави пополнет образец „Пријава за вработување во Управа за јавни приходи”, која може да се преземе од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/105
Кандидатот е должен пријавата да ја пополни во целост, прецизно, со точни податоци и да ја достави во архивата на Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје или преку пошта на следната адреса:
        Управа за јавни приходи - Генерална дирекција
        бул. „Кузман Јосифовски - Питу” бр.1, 1000 Скопје
        со назнака: за “ЈАВЕН ОГЛАС БР.4/2013“
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за вработување во Управата за јавни приходи.
Со кандидатите кои доставиле уредни пријави за работното место под реден број 10), 11), 12), 14), 15), 16) и 17) за кои е предвидено работно искуство во струката ќе биде спроведено интервју или писмена проверка за кое ќе бидат писмено известени.
Со кандидатите за кои не е предвидено работно искуство ќе биде спроведено интервју за кое ќе бидат писмено известени.
Избраниот кандидат ќе биде повикан во Управата за јавни приходи да достави докази за исполнување на горенаведените услови за работното место за кое конкурирал, во оригинал или копија заверена кај нотар.
Почетокот и завршетокот на дневното и неделното работно време за сите огласени работни места е утврден од 08:30 до 16:30 часот, од понеделник до петок.

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија