Врз основа на член 25 од Законот за Управата за јавни приходи („Службен весник на РМ“, бр.81/08...39/12), член 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“, бр.62/05...39/12), член 17 од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година („Службен весник на РМ“, бр.171/12), и Одлука бр.07-5635/1 од 06.09.2013, Управа за јавни приходи објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БР. 03/2013
за вработување во Управа за јавни приходи
Управата за јавни приходи има потреба од вработување на 1 (еден) извршител, за следното работно место:
ДИРЕКЦИЈА ЗА ГОЛЕМИ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ
1) 1 (еден) извршител/и во Одделение за утврдување на данок, Служба за поврат, пренасочување и пребивање на данок, на работно место самостоен даночен советник за поврат, пренасочување и пребивање на данок, со завршен VII1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС Економски или Правен факултет и најмалку (3) три години работно искуство во струката, со основна плата во бруто износ од 50,332.00 денари.
Податоци за условите кои треба да ги исполнуваат кандидатите и за начинот на пријавување по огласот:
Кандидатот треба да е државјанин на Република Македонија и да ги исполнува горенаведените посебни услови предвидени за работното место.
Заинтересираните кандидати по објавениот оглас треба да достават пополнет пропишан образец „Пријава за вработување“ кој може да се преземе од интернет страницата на Управата за јавни приходи на следниот линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/105
Кандидатот е должен пријавата да ја пополни во целост, прецизно, со точни податоци и да ја достави во архивата на Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје или преку пошта на следната адреса:
Управа за јавни приходи - Генерална дирекција
бул. „Кузман Јосифовски - Питу” бр.1, 1000 Скопје
со назнака: за “ЈАВЕН ОГЛАС БР.03/2013“
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот (несметајќи го денот на самото објавување).
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за вработување во Управата за јавни приходи.
Со кандидатите кои доставиле уредни пријави за работното место под реден број 1 за кои е предвидено работно искуство во струката ќе биде спроведено интервју или писмена проверка за кое ќе бидат писмено известени.
Избраниот кандидат ќе биде повикан во Управата за јавни приходи да достави докази за исполнување на горенаведените услови за работното место за кое конкурирал, во оригинал или копија заверена кај нотар.
|