Врз основа на член 25 од Законот за Управата за јавни приходи („Службен весник на РМ”, бр.81/08...39/12), член 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ”, бр.62/05...39/12), член 17 од Закон за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година („Службен весник на РМ”, бр.178/2012), Одлуката бр.07-4196/1 од 17.06.2013 година и Заклучокот бр.07-4196/2 од 24.06.2013 година, Управата за јавни приходи објавува
ИСПРАВКА
на Јавен оглас бр.02/2013
за вработување во Управа за јавни приходи
Во Јавниот оглас за вработување во Управата за јавни приходи бр.02/2013 година објавен на ден 19.06.2013 (среда) во дневните весници “Дневник“ и “Коха“, во Точката 1. се врши исправка така што по зборовите “помлад асистент“, зборовите “за утврдување на данок“ се заменуваат со зборовите “за регистрација на даночни обврзници“.
Во останатиот дел Јавниот оглас бр.02/2013 останува непроменет.
|