Врз основа на Дополнување на Програмата за волонтирање во Управата за јавни приходи за 2013 година број 13-211/2 од 06.06. 2013 година, се објавува
ПОВТОРЕН ЈАВЕН ПОВИК
за аплицирање на кандидати - студенти за волонтирање во
Управата за јавни приходи
Управата за јавни приходи има потреба од ангажирање на волонтери, поради што се повикуваат сите заинтересирани кандидати - студенти кои немаат се уште дипломирано на соодветниот факултет на кој студираат од областа на природно – математичките науки, техничко – технолошките науки, општествените и хуманистичките науки, да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Управата за јавни приходи и нејзините внатрешни организациски единици и тоа:
ГЕНЕРАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ |
4 |
ДИРЕКЦИЈА ЗА ГОЛЕМИ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ СКОПЈЕ |
1 |
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ |
2 |
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ПРИЛЕП |
1 |
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КУМАНОВО |
1 |
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ СТРУМИЦА |
1 |
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ТЕТОВО |
1 |
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ГОСТИВАР |
1 |
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА КАВАДАРЦИ |
3 |
Вкупно: |
15 |
Волонтерската работа ќе се извршува во текот на летниот период од денот на изборот на кандидатите до 15 септември 2013 година, во просториите и во местото кое е седиште на организациската единица на УЈП.
Заинтересираните кандидати потребно е да приложат уредна документација која треба да содржи: 1) Потврда за статусот на студент и 2) Писмо за интерес со кратка биографија и податоци за контакт.
Документите може да се достават директно во писарницата (архивата) или преку пошта на следната адреса:
Управа за јавни приходи
Генерална дирекција Скопје
Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 1, 1000 Скопје
Со назнака: „За повторен јавен повик за волонтирање во УЈП“
Рокот за доставување на документите изнесува три (3) работни дена сметано од денот на објавување на јавниот повик на интернет страницата на УЈП, заклучно со 27.06.2013 година (четврток).
По истекот на рокот за доставување на документи, селекцијата на кандидатите кои доставиле уредна документација ќе ја врши Секторот за човечки ресурси врз основа на доставените документи, а по потреба и со дополнително повикување на интервју во просториите на УЈП.
Избраните кандидати ќе бидат повикани да склучат договор за волонтирање во УЈП.
|