Управата за јавни приходи - Дирекција за големи даночни обврзници објавува
ОГЛАС
за продажба на движни предмети - опрема по пат на прва усна јавна аукција
Се продаваат по пат на усна јавна аукција движните предмети-кранови сопственост на АДГ Маврово Скопје и тоа:
1. |
Кран КОЦЕ МЕТАЛЕЦ
исправен монтиран |
4015 |
0625000403 |
600.000,00 |
2. |
Кран КОЦЕ МЕТАЛЕЦ
исправен монтиран |
5020 |
0625000404 |
600.000,00 |
3. |
Кран МЕТАЛНА
исправен демонтиран |
XC 120 LM |
0625000393 |
975.000,00 |
4. |
Кран МЕТАЛНА
исправен демонтиран |
XC 63 LM |
0625000398 |
975.000,00 |
5. |
Кран МЕТАЛНА
исправен демонтиран |
XC 63 LM |
0625000399 |
930.000,00 |
6. |
Кран МЕТАЛНА
неисправен демонтиран |
XC 120 LM |
0625000396 |
975.000,00 |
7. |
Кран МЕТАЛНА
неисправен демонтиран |
XC 120 LM |
0625000392 |
975.000,00 |
8. |
Кран МЕТАЛНА
неисправен демонтиран |
XC 120 LM |
0625000394 |
975.000,00 |
Во цената на предметот не се вклучени дополнителни давачки и ДДВ. Трошоците за демонтажа и пренос на движните предмети паѓаат на товар на купувачот.
Предметите наведени во огласот се продаваат поединечно, на принципот видено купено, без никакви дополнителни рекламации.
Јавната аукција ќе се одржи на ден понеделник/11.05.2009 година, во просториите на Управата за јавни приходи-Генерална Дирекција (сала за состаноци, кат 2), ул. Кузман Јосифоски Питу бр.1 (Комплекс банки),
со почеток во 11.00 часот. Разгледувањето на возилата ќе биде на ден четврток/07.05.2009 година, при што движните предмети ќе бидат изложени во базата на Маврово АД Скопје во Општина Аеродром на
ул.Булевар Србија бб Скопје. од 11.00 до 13.00 часот.
Лицата заинтересирани за купување на движните предмети ќе може да учествуваат на усната јавна аукција доколку депонираат депозит во висина од 10% од утврдената почетна вредност на движниот предмет.
Депозитот се уплаќа најдоцна на ден пред одржување на усната јавна аукција на трезорска сметка бр.100000000063095, депозитна (наменска) сметка бр. 090051567969610, со приходна шифра 725939 програм 20.
Купувачот на движниот предмет мора да го уплати износот за кој движноста му е продадена, во рок од осум дена од денот на заклучувањето на усната јавна аукција, во спротивно продажбата со решение се огласува за неважечка, а купувачот го губи правото на поврат на депонираниот депозит.
|