Врз основа на Заклучок за прекинување на постапка за продажба во дел бр.24-74/123/23 од 11.03.2013 година донесен од страна на Управа за јавни приходи - Регионална дирекција Скопје, Управата за јавни приходи врши
ИСПРАВКА
на оглас бр.04/2013 за продажба на движни и недвижни ствари
Во Огласот бр.04/2013 за продажба на движни и недвижни ствари објавен во дневниот весник “Дневник” на 06.03.2013 година, се изземаат од продажба дел од стварите наведени под реден број 18 објавени за слободна комерцијална продажба со Заклучок бр.24-123/23 на УЈП Регионална дирекција Скопје:
- Печка со 2 рерни, количина 1;
- Шпорет електричен, количина 1;
- Фрижидер вертикален, количина 1;
- Фрижидер, количина 1;
- Фрижидер за длабоко, количина 2.
|