Memorandum_mk
Програми на Европската Унија

FISCALIS

Fiscalis претставува ЕУ програма во рамките на Генералниот директорат за даноци и царина (DG TAXUD) под раководство на Европската комисија, чија oсновна цел е да се подобри соодветното функционирање на даночните системи во внатрешниот пазар преку зголемување на соработката помеѓу земјите учеснички, нивните администрации и службеници во полето на даноци. Освен даночните администрации на Земјите членки на Европската унија, програмата е отворена и за даночните администрации на земјите со кандидатски статус.

Управата за јавни приходи беше корисник на програмата „Fiscalis 2013“ во периодот 2009-2013 година, корисник на „Fiscalis 2020“ од 2014 до 2020 година и е корисник на програмата „Fiscalis 2027“ во периодот 2021-2027.

Fiscalis 2027 овозможува финансиска поддршка на следните активности:

  • Заеднички активности (семинари, работилници, работни посети, студии);
  • Градење на Европските Информациони Системи;
  • Активности за заеднички обуки за поддршка на потребните професионални вештини и знаења во врска со оданочувањето.

Учество во активности и настани (работилници, семинари, проектни групи, работни посети) организирани во рамки на Програмата на ЕУ - Фискалис 2027:

  • 2021-поради ограничувањата за Ковид 19, немаше вработени кои учествуваа на настани;
  • 2022 година – 10 вработени од Управата за јавни приходи учествуваа на 6 настани;
  • 2023 година - 24 вработени од Управата за јавни приходи учествуваа на 10 настани

TAIEX

TAIEX е ЕУ инструмент за техничка помош и размена на информации, управуван од страна на Генералниот директорат за проширување, кој им помага на земјите кориснички да се запознаат, да го применуваат и спроведуваат правото на ЕУ, како и следење на нивниот напредок, со што би се овозможило приближување до ЕУ преку споделување на искуства и знаења од страна на Земјите членки.

TAIEX овозможува техничка и финансиска помош на следните активности:

  • Работилници
  • Експертски мисии
  • Студиски посети

Управата за јавни приходи активно ја користи техничката поддршка што ја дава TAIEX во полето на даноци, преку низа на работилници, експертски мисии и студиски посети.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија