Наслов и цел на проект | Период на имплементација | Статус | |
Министерство за финансии на САД – „Управа за јавни приходи и Царинска управа на Северна Македонија (УЈП/ЦУ) и Министерство за финансии на САД-Канцеларија за техничка помош (ОТА) - Програма за политика и администрација за приходи“. Проектот се реализира во соработка меѓу Управата за јавни приходи и Царината, кои имаат посебни компоненти како и заеднички активности. Вредност: / Цел: Целта на овој проект е да се зајакне капацитетот на Управата за јавни приходи за зголемување на доброволната усогласеност и мобилизацијата на домашните ресурси преку техничка помош во: 1) Капацитетот на даночниот инспекторат, 2) Управување со долг, 3) Услуги на даночни обврзници, 4) Управување со проекти , 5) Антикорупција и 6) Човечки ресурси, обука и развој. |
2023-2027 | Во тек | |
Светска банка - „Градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии во Северна Македонија“ (финансиран од Светска банка и Европската Унија) |
2023-2027 | ||
УНДП - „Поддршка на реформите за управување со јавните финансии“, која ја спроведува УНДП со финансиска и експертска поддршка на Министерството за финансии на Република Словачка и Aгенцијаta за меѓународна развојна соработка на Словачка. Проектот се реализира во соработка меѓу Управата за јавни приходи и Министерството за финансии. Вредност: / Цел: Активностите на проектот се насочени кон зајакнување на капацитетите на Министерството за финансии и Управата за јавни приходи во процесот на автоматска размена на информации за даночни цели и на даночната администрација во делот на трансферните цени. |
2022-2023 | Во тек | |
ЕУ-ИПА Твининг Проектот на ЕУ “Подобрување на наплатата на приходите и даночната и царинската политика” Вредност: 3.500.000,00 Евра Цел: Основна цел на проектот е усогласување на даночното законодавство, во согласност со релевантното законодавство на ЕУ и најдобрите практики како и поедноставување на даночните процедури што ќе резултираат во подобрување на квалитетот на даночните услуги што им се нудат на граѓаните. Проектот ќе трае 3 години, во период од месец јануари 2020 година до месец декември 2023 година, а земјите членки на Европската Унија, Австрија и Хрватска се Твининг партнери на Управата за јавни приходи. |
2020-2023 | Завршен | |
Проект „Нови методи за превенција, истражување и ублажување на корупцијата и даночниот криминал во ЕУ“ – PROTAX (финансиран од Европската Унија, Horizon 2020) Вредност: / Цел: PROTAX ќе придонесе за Европскиот модел на безбедност преку обезбедување решенија за превенција и гонење на даночниот криминал. Врз основа на анализа на тековните пристапи за спроведување на законот, правните рамки на ниво на земја-членка и длабоко емпириско истражување на човечките фактори, обликувањето на институционалните и професионалните практики на заинтересираните страни, а во соработка со оние кои ги применуваат PROTAX ќе развие алатки за носителите на безбедносните политики, агенциите за спроведување на законот и даночните власти. Управата за јавни приходи учествува во проектот како член на Советодавниот одбор на проектот. |
2018-2021 | Завршен | |
Проект „Техничка поддршка за дефинирање на деловните барања, ре-инженеринг на деловните процеси за новиот интегриран Даночен ИТ систем“ (финансиран од Европската Унија, ИПА II / ЕУИФ 2014) Вредност: 299.766 ЕУР (централизирано управување) Цел: Подобрување на административниот капацитет на УЈП и натамошен развој на ефективни работни процеси на чија основа ќе биде изграден новиот интегриран ИТ систем, а истовремено ќе осигура намалување на трошоците за наплата на даноци и подобар квалитет на услуги кон даночните обврзници и трети страни. |
2017-2019 | Завршен | |
Проект „Систем за евалуација на ризици - РЕС“ (донација од Австриската агенција за развој и WedoIT-Solutions GmbH) Вредност: 360.000 ЕУР Цел: Воспоставување на објективна и точна селекција на даночни обврзници за контрола, преку имплементација на софтвер и унапредување на процесот на анализа на ризик во надворешната контрола и управувањето со ризикот на усогласеноста кај даночните обврзници. |
2017-2018 | Завршен | |
Проект „Набавка на ИТ опрема за зајакнување на капацитетот на Контакт центарот/Повикувачкиот центар на УЈП“ (финансиран од Европската Унија, ИПА II / ЕУИФ 2014) Вредност: 229.675 ЕУР (централизирано управување) Цел: Обезбедување на соодветни средства за воспоставување на ефективни методи за информирање и алатки за комуникација со цел обезбедување на подобри услуги на даночни обврзници и околина прилагодена на потребите на корисникот, во рамките на новиот Контакт центар / центар за повици. Корисни линкови: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/galerija/pregled/63 http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/167 https://www.iota-tax.org/news/public-revenue-office-new-contact-center-and-improved-tax-services-eu-support |
2017-2018 | Завршен | |
Проект „ППФ Рамковен договор - Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок на доход за даночни обврзници – физички лица” (финансиран од Европската Унија, ИПА 2012 / ТАИБ I) Вредност: 93.730 ЕУР (децентрализирано управување) Цел: Поедноставување на процедурите за правните лица преку намалување на административните процедури и трошоците поврзани со пресметката и плаќањето на даноците, како и за даночните обврзници – граѓани со обезбедување повисоко ниво на сигурност дека персоналниот данок на доход е платен од страна на правните лица и намалување на административниот товар поврзан со поднесувањето на даночни пријави од страна на обврзниците - физички лица. Корисни линкови: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/168 http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/galerija/pregled/66 |
2016-2018 | Завршен | |
Проект „Набавка на мобилни даночни шалтери“ (финансиран од Европската Унија, ИПА 2012 / ТАИБ I) Вредност: 89.740 ЕУР (децентрализирано управување) Цел: Обезбедување присуство во општините каде не постои економска оправданост за воведување на постојан даночен шалтер на УЈП и ефикасно обезбедување услуги за даночните обврзници во општините во Република Македонија. Корисни линкови: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/galerija/pregled/63 http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/167 https://www.iota-tax.org/news/public-revenue-office-new-contact-center-and-improved-tax-services-eu-support |
2016-2017 | Завршен | |
Проект „Набавка на интегриран систем за Контакт центарот на УЈП - хардвер и софтвер“ (финансиран од Европската Унија, ИПА 2012 / ТАИБ I) Вредност: 118.800 ЕУР (децентрализирано управување) Цел: Воведување на модерно ИТ решение (софтвер и хардвер) за Контакт центарот на УЈП со кое ќе се подобри работната околина на новиот Контакт центар на УЈП и ќе се обезбедат нови услуги за даночните обврзници како: приемни канцеларии и канцеларии за подршка; ИТ Инфо точки; Инфо табла за брз и едноставен пристап до даночни информации, База на знаење итн. Корисни линкови: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/galerija/pregled/63 http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/167 https://www.iota-tax.org/news/public-revenue-office-new-contact-center-and-improved-tax-services-eu-support |
2016-2017 | Завршен | |
Проект „Набавка на систем за чекање за Контакт центарот на УЈП“ (финансиран од Европската Унија, ИПА 2012 / ТАИБ I) |
2016-2017 | Завршен | |
Проект „Набавка на канцелариски мебел за Контакт центарот на УЈП“ (финансиран од Европската Унија, ИПА 2012 / ТАИБ I) |
2016-2017 | Завршен | |
Твининг проект „Подобрување на услугите на Управата за јавни приходи кон даночните обврзници“ (финансиран од Европската Унија, ИПА 2010 / ТАИБ I) |
2014-2016 | Завршен | |
Проект за изведување градежни работи „ Реновирање на приземјето на УЈП - Регионална дирекција Скопје со цел да биде новиот Контакт/Повикувачки центар на УЈП“ (финансиран од Европската Унија, ИПА 2010 / ТАИБ I) |
2014-2016 | Завршен | |
Проект „ГПРС фискализација“ |
2014-2015 | Завршен | |
Проект „ППФ Рамковен договор - Изработка на студија за ИТ Системот на УЈП“ (финансиран од Европската Унија, ИПА 2009 / ТАИБ I) Вредност: 177.887 ЕУР (децентрализирано управување) Цел: Анализа и оценка на тековната состојба на ИТ системот на УЈП и изработка на детална студија со поставување на стандарди, препораки и мерливи показатели, со цел да се обезбеди функционален ИТ систем на УЈП во согласност со ИТ системите на даночните администрации на земјите - членки на ЕУ. Корисни линкови: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/110 |
2014 | Завршен | |
Проект „е-Радиодифузна такса“ и мобилна апликација мTax |
2014 | Завршен | |
Проект „е-Промена на податоци“ Корисни линкови: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/86 http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/104 http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/1015 |
2012-2014 | Завршен | |
Проект „Надзорен информациски систем за следење на прометот кај приредувачите на посебните игри на среќа“ |
2013 | Завршен | |
Проект „е-Даноци за физички лица“ |
2011-2012 | Завршен | |
Проект за техничка поддршка „Поддршка на даночната реформа“ (финансиран од Европската Унија, ИПА 2007 / ТАИБ I) Вредност: 1.400.000 ЕУР (централизирано управување) Цел: Подобрување на перформансите на Управата за јавни приходи и Министерството за финансии за наплата на даноци, услуги кон даночни обврзници, зајакнување на институционалниот капацитет за наплата на даноци и борба против корупција преку натамошно хармонизирање на правната рамка со ЕУ стандардите, релевантните регулативи, мерки и директиви. Корисни линкови: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/256 |
2011-2012 | Завршен | |
Проект „Модернизација на Управата за јавни приходи“ |
2007-2011 | Завршен | |
Проект „Електронски јавни аукции e-aukcii.ujp.gov.mk“ Цел: Поедноставување, намалување на административните трошоци и поголема транспаретност на постапките на присилна наплата и на продажба на запленетиот имот од страна на УЈП. Корисни линкови: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/71 |
2011 | Завршен | |
Проект „Центар за складирање и впаричување на запленети движни ствари“ |
2011 | Завршен | |
Проект за изведување градежни работи „Реновирање на Регионална дирекција Штип“ (финансиран од Европската Унија, ИПА 2007 / ТАИБ I) Вредност: 85.000 ЕУР (централизирано управување) Цел: Воспоставување на функционална канцелариска околина и подобри услуги кон малите и средни даночни обврзници во Регионална дирекција Штип. |
2011 | Завршен | |
Проект „Набавка на канцелариска и ИТ опрема за Регионална дирекција Штип” (финансиран од Европската Унија, ИПА 2007 / ТАИБ I) Вредност: 315.000 ЕУР (централизирано управување) Цел: Воспоставување на функционална канцелариска околина и подобри услуги кон малите и средни даночни обврзници во Регионална дирекција Штип. |
2011 | Завршен | |
Твининг лајт проект „Реформа во даночната администрација” (финансиран од Европската Унија, ИПА 2007 / ТАИБ I) Вредност: 200 000 ЕУР (централизирано управување) Цел: Зајакнување на административните капацитети на УЈП во областа на истрагите и борбата против даночната евазија преку обука на вработени и подобрени комуникациски канали. Корисни линкови: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/214 |
2010 | Завршен | |
Проект „Контакт центар“ |
2009 | Завршен | |
Проект „Интегрирана наплата на социјалните придонеси и персоналниот данок на доход“ |
2008-2009 | Завршен | |
Проект „Централизирана обработка на податоци (ЦОП)“ |
2007-2008 | Завршен | |
Проект „Кодекс на етика на даночните службеници“ |
2007-2008 | Завршен |