Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31        
Recnik
01.07.2024
ЗАВРШИ ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ ОД 2024 ГОДИНА - ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ГИ ИСПОЛНИВТЕ ДАНОЧНИТЕ ОБВРСКИ ЦЕЛОСНО И ТОЧНО!

ПОТСЕТУВАЊЕ за сите даночни обврзници – компании, нотари, извршители, адвокати и други вршители на дејност, граѓани, сметководители, даночни застапници...ПРОВЕРЕТЕ дали ги исполнивте целосно и точно Вашите даночни обврски доспеани до 30 јуни:

  • поднесена даночна пријава во законски рок;
  • вистинити податоци во даночната пријава и точно пресметан износ на даночен долг;
  • платен даночен долг во законски рок.

Прифатете го ова известување како можност да си направите проверка на пријавените податоци и навреме да поднесете исправки на даночните пријави и да го платите точниот долгуван износ.

За сите прашања кои се резултат на незнаење или ненамерни грешки, побарајте поддршка и помош од даночната администрација.

Нашата улога е е да го надоместиме „јазот” во знаењето на даночните обврзници и да обезбедиме услуги со цел доброволна усогласеност на даночните обврзници односно навремено и точно исполнување на даночните обврски и остварување на даночните права.

За „нечесни” и непожелни однесувања – неплатени даночни обврски, шеми за избегнување на даночните обврски, искривено правно толкување на регулативата, даночно затајување, криминална измами, како и економски активности и извори на приходи кои не се пријавени регуларно, УЈП ќе ги применува доследно сите законски овластувања и санкции кои се кредибилни мерки кон неусогласените даночни обврзници.

Ќе обезбедиме рамноправни услови во кои чесните даночни обврзници нема да плаќаат повеќе затоа што некои даночни обврзници не го плаќаат својот данок.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија