Во соработка со високообразовните институции, Управата за јавни приходи продолжува со имплементација на програмата за едукација и обезбедување на пракса за студенти од областа на даноците и даночното право.
Од 16 до 20 Ноември 2009, на иницијатива на Правниот факултет "Јустинијан Прима" Скопје, на 25 студенти од последипломските студии по финансово право и финансии им е овозможено да ја посетат Управата за јавни приходи и одблиску да се запознаат со одделните функции на УЈП, деловните процеси и начинот на работа на даночните службеници.
Во рамките на четиридневната програма, предавачите од Управата за јавни приходи детално ги запознаа студентите со:
- Даночниот систем во РМ и видови на даноци
- Утврдување и наплата на данок
- Концепт “Бруто Плата“
- Дирекција за големи даночни обврзници
- Даночниот Инспекторат во УЈП
- Откривање “Перење пари“ во процес на надворешна контрола
- Посебни даночни постапки за физички лица
- Модернизација на Даночната администрација во РМ
- Соработка на меѓународни организации и институции
- Стратегија за комуникација на УЈП
- Истражување на јавното мислење и мерење на задоволството на даночните обврзници од работењето на УЈП
- Мерки на учинок и бонус систем во УЈП
- Менаџерски извештаи