Memorandum_mk
Билатерална средба на даночниците од Македонија и Турција
22.12.2009

Од 16 до 19 декември 2009 година, во рамките на јакнење на меѓународната соработка со земјите во регионот, на покана на Управата за јавни приходи во Македонија претстојуваше највисокото раководство на даночната администрација од Република Турција.

За време на тридневната посета, петчлената турска делегација предводена од директорот, г-дин Мехмет Килци, имаше можност да се запознае со работата и активностите на македонската даночна администрација, како и на работните средби со македонските колеги да разменат искуство во делот на:

  • Наплата на даноците
  • Стратешките цели
  • Нови методи на контрола на Даночниот инспекторат
  • Услуги на даночни обврзници

Исто така, една од темите на кои се разговараше е и како националните економии на двете земји се соочуваат со ефектите на светската економска криза, како и предизвикот и мерките за имплементација на стратешки планови во услови на намалени економски активности.

На средбата и од двете страни беше истакната неопходноста од натамошно зајакнување на соработката помеѓу даночните администрации на Р. Македонија и на Р. Турција, како една од најискусните даночни администрации во Европа, со осумвековна традиција.

 

Dsc03513_thumb   Dsc03519_thumb   Dsc03527_thumb      
 
 
     
               
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија