Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за тековниот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите е 25-ти јули 2025 година (петок).
Досега, од очекуваните 41.171 ДДВ-04 пријави, поднесени се вкупно 16.015, што е близу 40% од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да поднесат пријава и претставува зголемување од 10 п.п. во однос на претходните два квартала, кога за истиот период биле поднесени околу 30% од очекуваните пријави. Сепак, остануваат уште 25.156 ДДВ-04 пријави да се поднесат до петок кога е и крајниот законски рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите.
Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат стрес и дополнителни финансиски трошоци.
Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата.
Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на:
е-Пошта: info@ujp.gov.mk
Телефонски броеви:
- Од фиксна линија: 0800 33 000
- Од мобилен телефон: 02 3253 200
Управата за јавни приходи и нејзините стручни тимови во секое време стојат на располагање за да обезбедат информации и поддршка со цел успешно исполнување на даночните обврски од страна на даночните обврзници.