Плаќање по ДЛД-ГДП
Законска основа
Согласно членот 100 од Законот за данокот на личен доход, рокот за плаќање на обврската во потврдената Годишна даночна пријава е до 30 јуни во тековната година, додека рокот за плаќање на данокот по одбиена корекција на ГДП пријава е 15 дена по доставување на решението во кое е утврден износот за плаќање на данокот.
Постапка за плаќање
- Најавете се во Вашиот кориснички профил на страницата е-Даночни услуги (е-ПДД)
- Одберете ја коцкичката (копчето) „Годишна даночна пријава“.
- На копчето „Преглед“, кое се наоѓа најдесно во редот на излистаните ГДП пријави отворете ја соодветната даночна пријава за даночниот период односно година
- Одберете го копчето „Печати“ кое се наоѓа во долниот десен агол во прегледот на Годишната даночна пријава
- Испечатете го или точно препишете го налогот за плаќање кој се наоѓа на третата страница од документот или, доколку сте корисник на услугите од електронско банкарство, доволно е да го ископирате фолио бројот кој се наоѓа во полето „цел на дознака“ и да го реализирате преку опцииите за плаќање на јавни приходи со фолио број со налог ПП53 кои се на располагање во апликацијата за е-банкарство.
ВНИМАВАЈТЕ!
Уплатата нема да биде успешно евидентирана и ќе повлече дополнителни трошоци, доколку:
- не се точно внесени Даночниот идентификациски број на обврзникот (ЕМБГ) и фолио бројот, но и другите елементи од налогот за плаќање;
- друго лице врши уплата во Ваше име и за Ваша сметка, а претходно не сте извршиле промена на налогодавец преку опцијата во е-ПДД „плаќање од трето лице“
Затоа укажуваме дека при рачното пополнување на налогот ПП50, многу е важно точно да ги внесете податоците како што се прикажани на третата страница од ГДП пријавата со цел успешно евидентирање на плаќањето.