| 
                             Износот којшто се распределува во вид на дивиденди и други распределби од добивката, било да е во паричен или непаричен облик, се оданочува во моментот на исплатата. 
Под исплата на дивиденди и на други распределби од добивката се подразбираат дивидендите исплатени во пари, во удели, односно во акции на друштвото. 
НАПОМЕНА: Овој образец го поднесуваат даночните обврзници кои вршат исплати на дивиденди и други исплати од добивки од акумулирани добивки остварени во периодот од 2009 до 2013 година за дивиденди и други распределби од добивката. 
Пресметката на данокот се врши на образецот “ДД-ИД“ кој се доставува до даночната канцеларија на УЈП или во електронска форма преку https://etax.ujp.gov.mk 
                         |