Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека се наближува крајниот рок за поднесување на ДДВ – 04 пријавите и плаќање на даночниот долг за даночниот период 12/2025 и 10-12/2025. Законскиот рок е 25 јануари, но бидејќи е неработен ден, за краен рок за поднесување и плаќање на ДДВ – 04 пријавите за овој даночен период се смета понеделник 26 јануари 2026 година.
До денес, од очекуваните 42.247 ДДВ-04 пријави, поднесени се 16.025, што е близу 38% од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да поднесат ДДВ-04 пријава за овој даночен период.
Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници навремено да ги достават потребните документи до своите сметководители и да ја исполнат законската обврска за поднесување и плаќање на данокот на додадена вредност искажан во месечните и тримесечните ДДВ пријави и да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат стрес и дополнителни финансиски трошоци.
Во период на масовно поднесување на ДДВ – 04 пријавите Управата за јавни приходи ќе обезбеди континуирана техничка поддршка секој ден.
Даночните обврзници кои ќе наидат на технички предизвици при поднесување на пријавите за помош и поддршка ќе може да се обратат на електронската пошта info@ujp.gov.mk или на:
- Телефон од фиксна линија: 0800 33 000
- Телефон од мобилен: 02 3253 200