Просечната бруто плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2025 година изнесува 63.154 денари согласно објавата од Државен завод за статистика линк. https://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=41
Просечната бруто плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2025 година.
- Најниската основица за пресметка на придонесите за 2025 година изнесува 31.577,00 денари (50% од 63.154.00)
- Највисока основица за пресметка на придонесите за 2025 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 1.010.464,00 денари (16 x 63.154,00)
- Највисока основица за пресметка на придонесите за 2025 година за самовработено лице изнесува 757.848,00 денари (12 x 63.154,00)
Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер - МПИН која го содржи новиот параметар.
Просечната плата по работник во РСМ | ||||||
2028 | 2027 | 2026 | 2025 | 2024 | ||
/ | / | / | 63.154 | 57.609 | ||
2023 | 2022 | 2021 | 2020 | 2019 | ||
49.397 | 43.509 | 41.141 | 38.319 | 36.017 | ||
2018 | 2017 | 2016 | 2015 | 2014 | ||
34.079 | 32.877 | 32.268 | 31.644 | 30.902 | ||
2013 | 2012 | 2011 | 2010 | 2009 | ||
30.595 | 30.591 | 30.349 | 29.829 | 27.507 |
Напомена: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2025 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.